top of page
Пајтон Програмирање  Python Programming

Поради популарноста на програмскиот јазик Пајтон, како и барањето на првото (воведно) издание на книгата Python Programming / Пајтон програмирање од 2021 година, истата е преработена и дополнета. Преработен е првиот дел (процедуралното програмирање), а дополнета е со втор дел (објектно ориентираното програмирање). Сепак и вака  дополнетата книга, претставува вовед во изучување на  програмирањето преку јазикот Пајтон. Јазикот Пајтон е  најсовремен програмски јазик, со најголема популарност и  најширока примена. Во 2023 година, индексот на популарноста бил: 1. Python, 2. Java, 3. C++, 4. C, 5. JavaScript, 6. C# , 7. SQL, 8. Go итн.. Својата популарност, јазикот Пајтон, ја стекнал поради едноставната синтакса, блиска на природните јазици, многу е побрз од другите програмски јазици, а има и големи број (над 200) библиотеки од скоро сите области. Популарноста на Пајтон се гледа и од фактот дека тој се изучува како прв програмски јазик на еден од најпознатите универзитети во светот: Massachusetts Institute of Technology – MIT. Затоа, за почетници во програмирањето, се препорачува Пајтон.

Пајтон Програмирање Python Programming

ден1.600,00Price
  • Ѓорѓи Јованчевски

  • Авторот, Скопје 2024

bottom of page